Pеката Брегалница, а особено подрачјето кое го зафаќа Општина Штип, испресечен е со многубројни мали рекички и суводолици кои на поедини места формираат големи речни насипи.
Таков е случајот и со ареалот по течението на реката Отиња чиј изворишен дел составен
oд помали поточиња се наоѓа во близина на Бучимската рудоносна зона.
Во “хеленистичко” и римско време златото главно било добивано со премивање на речните песоци.
Имајќи го во обзир тоа, јасно е дека рудниот минерал кој содржел злато и сребро бил премиван во пералиштата на реката Отиња.